Logo

За нас

Биоинженеринг Доо

Основана е во 1998 година, како приватна компанија која специјализира во развој и производсво на микробни производи за природен третман на отпадни води, биогас и рециклирање на органска материја, апликација и имплементација на технологии за заштита на животната средина. Вкупната дејност на нашите членови во областа на заштитата на животната датира дури од 1982 година, што изнесува повеќе од дваесет години искуство. Биоинженеринг за својата работа добила многу награди и признанија, меѓу кои посебно место завзема златниот медал за екологија и наука на 57-от меѓународен саем “Идеи, пронајдоци и новитети - ИЕНА” Нинберг, СР. Германија, 8-12.11.2005 година во конкуренција од 30 земји и 680 пронајдоци.

patent-na-godinata-bioengineering iena

Компанијата Биоинженеринг е лоцирана во Скопје со професионален интерес во подрачјето на применетата микробиологија и биотехнологијата, кои се применуваат во пракса за развој и производство на технологии за третман на индустриски и комунални отпадни води. Обсегот на дејност на нашата компанија опфака од мали приватни постројки до големи индустии меѓу кои посебно место завземаат прехрамбената, хемиската и фармацевтската индустрија.

Планирањето за искористување на руралната енергија има потреба од избор помеѓу голем број на различни енергетски технологии. Се до неодамна, изборот беше компримиран од централизлираниот извор на енергетски технологии. Меѓутоа централизираните извори на енергија се повеќе се соочуваат со два главни а можеби и нерешиви потешкотии:

  • Недостаток на капитал
  • Јавна опозиција фокусирана на локалната и глобалната деградација

Поради тоа проширувањето на листата на алтернативни технологии стана есенцијален дел од изнаоѓањето на децентрализирани извори на енергија како што се алтернативните извори на енергија (РЕС). За таа цел во 1998 година, Биоинженеринг започна со истражување на можностите на алтернативните извори на енергија, во овој случај биогасот како бѕ-продукт од анаеробниот третман на отпадните води, како извор на енергија во изолираните региони. Апликацијата на нискобуџети иновативни (РЕС) технологии беше истражувана, која резултира со производство на оперативни алатки кои помагаат во производството на алтернативна енергија и третман на отпадните води. Овие истражувања беа направени во Македонија. Истражувањата денеска се уклучени и аплицирани во таргет истражувачки проекти финансирани од фрејворк програмите на Европската Комисија.

metanogeneza-na-otpadna-voda
Метаногенеза на отпадна вода од свињарска фарма с. Р,жаничино, Скопје

Мисија на нашата компанија

Биоинженеринг располага со еколошки сигурни солуции за менџмент на индустриски, земјоделски и комунални отпадните води, како и за опасен отпад и ремидијација на загадувања. Примарните производи на Биоинженеринг компанијата се природни бактериски формули кои се користат за аеробен и анаеробен (во биогас реактори) третман на отпадните води. Микробните култури се многупати докажани, со повеќе од девет годишно успешно тестирање и користење, дека се екстремно ефективни со широк спектар на третман на отпадни води при станбени, комунални, индустриски и земјоделски апликации. Следејќи ги принципите на микробиологијата и биотехнологијата, нашата компанија развива нови процеси за третман на урбани и индустриски отпадни води, односно ја подобрува ефикасноста на веќе постоечките нефункционални прочистителни станици со апликација на квалитетна технологија базирана на мешани култури од микроорганизми и биотехнологија. Стекнатото знаење во полето на третманот на отпадните води и апликацијата на биотехнологијата во третманот на отпадните води, ке биде предаден на системски менаџери и професионалци кои ќе работат на понатамошен развој на биолошките процеси присутни во процесирањето на отпадните води.

izoliranje-razlicni-mikroorganizmi izoliranje-razlicni-mikroorganizmi2
Изолирање на различни групи микроорганизми од природата

Селектирање и адаптирање на микроорганизми Селектирање и адаптирање на микроорганизми Селектирање и адаптирање на микроорганизми Селектирање и адаптирање на микроорганизми
Селектирање и адаптирање на микроорганизми

pilot-metantenk lЛабораториски биореактор од 2 л
Пилот метантенк од 100м3                   Лабораториски биореактор од 2 л

Филозофија на нашата компанија

До потрошувачите: Ние, во Биоинженерин, сме многу свесни за нашата одговорност во управувањето со околината и одржливиот развој. Со придонесување на сигурен, и природен производ им овоможуваме на нашите клиенти да и тие бидат добри управители со околината , со што и тие ке помогнат за нејзино зачувување за нашите деца и понатамошни поколенија.

До продажниот сектор: Ние го цениме односот со нашите партнери и секојдневно ги подобруваме начинот на кој Биоинженеринг може да пружи подобра поддршка до оние кои ги продаваат и промовираат нашите производи. Како фамилијарен бизнис, ние го почитуваме значењето на независните соработници кои допринесуваат во трансверот на знаењето и експертизата со кои им помагаат на нашите потрошувачи да го одберат точниот производ и да ја оптимизираат работата на сите производи на Биоинженеринг.