Logo

Клучни карактеристики на нашите технологии
  • Значајното намалување на волумените на базените каде се спроведуваат процесите на изедначување, биолошкиот третман и секундарното таложење.
  • Се гарантира дека прочистената вода ќе биде во согласност со Анекс 1 од Директивата 91/271/ на ЕЕЦ.
  • Може да се користи при градење на нови постројки за третман на отпадни води како и да се примени на веќе постоечки прочистителни станици со технологија на биоактивна тиња, со цел да се зголеми степенот на прочистување на водата.
  • Се овозможува разградувањето на вообичаено тешко биоразградливите материи во отпадната вода да се постигне за приближно исто време како и разградувањето на лесноразградливите, што не бара зголемување на волуменот на додатните биореактори. Со тоа се намалуваат трошоците за одржување на системот, што представува економска предност над класичната СБР технологија.
  • Обучените лица можат едноставно и со разбирање да го водат системот за биолошки третман на отпадните води каде, што придонесува намалување на потребната работна сила.
  • Оваа технологија се разликува од останатите биолошки постапки и по тоа што таа има биотехнолошки карактер. Бидејќи и биолошкиот процес при третманот на отпадните води се спроведува со помош на микроорганизми, потребно е микробната биомаса за одреден тип на отпадни води предходно да се припреми. Ние таа припрема ја вршиме со издвојување на микроорганизми од различни живеалишта кои можат да го спроведат потребниот биолошки процес. По издвојувањето, се одбираат само оние микроорганизми кои покажуваат најдобри биолошки карактеристики: активност, адаптибилност и стабилност. Одбраните микроорганизми во форма на мешовита култура поминуваат серија биотестови со цел да се дефинираат оптималните процесни параметри, а со тоа и процесната линија за третман на отпадната вода.
  • СБР технологијата има технички карактер, што значи дека со различни технички изведби (волумен на базенот, опрема за аерација, рециклирање на тињата и т.н.) на биоактивната тиња (микроорганизмите) им се обезбедува само адаптација. Со самоадаптација се одржуваат само оние микробни видови кои имаат способност да се прилагодуваат во новосоздадените услови. Биолошката активност на тие микроорганизми се одржува со големи волумени, исто така и со останати технички изведби кои ќе го осигураат биолошкиот процес.
  • Со овој патент се обезбедува Хидрауличкото ретенционо време (ХРТ) на задржување на отпадната вода во биобазените да е неколку часови, што во крајна линија повлекува огромна разлика и во габаритите на базените. Поточно, базените се далеку помали, а тоа значи и помала почетна инвестиција. Секако, ова е битно за секоја населба која ќе можи да понуди и помала земјишна површина за изградба на прочистителната станица.
  • Со оваа технологија се постигнува висок квалитет на прочистената вода и со многу ниски концентрации на азот и фосфор, биогени елементи кои се причина за еутрофикација на водените екосистеми-реципиенти на прочистените отпадни води.
  • Оваа технологија исто така е многу рационална во однос на потрошувачката на енергија бидејќи базенот за нитрификација, кој има потреба од аерација, е релативно мал. Иамјќи ги во предвид и најавените европски цени на електричната енергија, на овој проблем треба да му се обрне посебно внимание.
  • Прирастот на микробна биомаса (вишок активна тиња) е многу помала во однос на класичните технологии, односно основната СБР технологија, а тоа значи нема потреба од дополнителни таложници за стабилизирање на тињата.
  • И на крајот, една од големите предности на оваа технологија е тоа што таа е резултат на долгогодишните фундаментални истражувања вршени во лаборатории за микробна екологија во нашата држава и странство. Во неа се вградени и најновите практични искуства добиени со примена на слични технологии во развиените земји. Тоа значи, зад оваа технологија стои технички и биотехнолошки високо стручен, домашен и меѓународен, тим кој во секое време може да ја следи и контролира работата на прочистителната станица.