Logo

БИГ-МФ® прочистителни станици

БИГ-МФ© прочистителни станици за третман на индустриски и комунални отпадни води. Оваа технологија всушност преставува надградување на предходната БИГ-Г©. За таа цел се применува микрофилтрациони мембрани при терциерниот третман на отпадните води. Со оваа технологија се добива висок квалитет на прочистена отпадна вода (блиску до нивото од И категорија).

big-mf

МФ процесот е систем на микрофилтрациони мембрани поставени во внатрешноста на БИГ-Г© или во негова близина. Резултат на тоа е високиот квалитет на ефлуентот, кој соодветствува на најстрогите критериуми.

Принцип на работа на БИГ-МФ©

Принципот на мембранската филтрација се базира на сепарацијата на цврстите честички суспендирани во водата со помош на разлика во притисоци. Течниот раствор (во најчест случај вода) поминува низ мембраните, додека цврстите честички остануваат на другата страна од мембраните, од каде покасно се отстрануваат.

Придобивки:

  • Максимален квалитет на ефлуентот, како резултат на комплетната сепарација на честичките од течната фаза.
  • Придржување кон стандардите за хигиена како резултат на високото ниво на сепарација на бактерии и вируси, кое се добива со МФ.
  • Висока концентрација на активна биомаса, која обезбедува редукција во аерациониот базен до 70%.
  • Отстранување на слојот кој се создава на површината од мембраната со минимум потрошувачка на енергија, преку секвентно чистење на мембраните.
  • Периодична дезинфекција на системот заштитува од контаминација.
  • Потполно автоматизирана филтрација, која зависи од трансмембранскиот притисок, со автоматско чистење кога притисокот ќе ги премине границите. По враќањето на нормалниот притисок, и филтрацијата се враќа на нормала.
  • Трансмембранскиот притисок е мал и тивок, што се должи на високата пермеабилност на мембраната, а со тоа и векот на мембраната се продолжува.
  • Модуларната конструкција дозволува лесна детекција и замена на индивидуалните единици.
  • Отстранување на индивидуални или комплетни мембрански сегменти.