Мени
| БИГ-Г® прочистителни станици |
|
Моделите БИГ-Г® 10-1000 на пречистителни станици се составени од еден базен (унитенк). Во самиот базен има три сегменти за третман на отпадната вода: биолошки третман (биозона-нитрификација и денитрификација) и сегмент за таложење на хумусот (тинњата).
Принцип на работа на БИГ-Г® Протокот на отпадната вода од влезот до излезот се одвива со помош на гравитацијата. Влезната вода се прима во сегментот за денитрификација и преминува во сегментот за нитрификација. Биозоната може да содржи голем број на сегменти (во зависност од големината на пречистителната станица и бараниот квалитет на ефлуентот). Големата површинска зафатнина на медиумот го оптимизира растот на претходно селектираните микроорганизми (биомаса) кои ја процесираат отпадната вода. Воздух во базенот се внесува со помош на надземни дувалки (компресори). Воздухот извршува две функции: снабдување на биомасата со кислород, и одстранување на вишок тиња. Комбинацијата на третирана вода и вишок хумусна тиња преминува во сегментот за таложење. Во оваа зома хумусните цврсти материи се таложат на дното на базенот, додека прочистената вода го напушта базенот од горниот дел на последниот сегмент. Хумусната тиња која што се таложи на дното се пренесува назад во денитрификациониот сегмент со помош на пумпа, додека вишокот на тиња се одстранува со помош на низа физички и биолошки процеси (испумпување, сушење, компостирање итн.) Награди:
|


БИГ-Г® прочистителни станици